Касулидис: САД немаат право да му забележуваат на Кипар поради неговите односи со Русија

Од:

САД немаат право да му забележуваат на Кипар за тоа дека ги развива односите со Русија, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис.

– Кипар нема да се извинува за тоа дека предизвикал незадоволство кај САД и Велика Британија поради посетата минатата недела на кипарскиот претседател Никос Анастасиадис на Русија, додаде министерот.

– Нашиот став е дека Кипар треба да биде фокусиран на решавање на сопствениот проблем, решавање на кипарското прашање, изјави Касулидис.

Тој вчера во Вашингтон се сретна со американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд.

– Доколку проблематиката со Украина ја споредиме со проблемот на агресивната политика на Турција, тогаш праведно е да се постави прашањето зошто против Русија се воведени санкции, а истовремено такви мерки не се преземени кон Турција, нагласи Касулидис.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар