Касулидис: Кипaр се наoѓа во опасната зона доколку џихадистите се насочат кон Либан

Од:

Кипар се наоѓа во опасна зона доколку џихадистите се насочат кон Либан и затоа земјата треба да соработува за да се неутрализира заканата од групата Исламска држава, изјави кипарскиот министер за надворешни работи Јоанис Касулидис во интервју за весникот „Катимерини“.

Дојде часот кога на испит треба да се стави геостратешката улога на Кипар како „преден ешелон“ на ЕУ и Западот во источниот Медитеран, посочува шефот на кипарската дипломатија.

Тој појасни дека Кипар ја презел обврската да укаже помош во обуката на либанската армија, која е симбол за единството и независноста на земјата.

– Се менува соодносот на силите во источниот Медитеран и на Блискиот Исток и перспективата за искористување на енергетските извори  во регионот создаваат погодна почва за развој на тристраната соработка меѓу Грција, Кипар и Египет, кон која може да се приклучи и Израел, со кого бележиме напредок во продлабочувањето на стратегиската соработка, рече Јоанис Касулидис.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ