Карпентер: Изјавата на Бериша е за домашна употреба, но сонот за голема Албанија е жив

Од:

Сонот за голема Албанија се уште е жив во југоисточна Европа, оценува Тед Гален Карпентер, експерт за одбранбени и надворешно-политички прашања на најпознатиот либертаријански институтот во САД – Кејто. Во интервју за Македонската информативна агенција, Карпентер коментира за неговите ставови за Балканот, но и за контроверзната изјава на албанскиот премиер Сали Бериша.

– Целта за голема Албанија се уште е жива во југоисточна Европа, што е вознемирувачки за сите албански соседи, како и Македонија, и значи дека повремено ќе се соочуваме со тензии. Мислам дека оваа изјава, во која Бериша навел повеќе градови од соседните земји како албанска територија, секако е наменета за домашна употреба. Сигурен сум дека албанската Влада не презема мерки за спроведување на овие цели, но ваквиот начин на отворање на ова прашање е многу штетен, смета Карпентер.

Тед Карпентер е познат по своите, за некого контроверзни ставови, како што е залагањето за повлекување на САД од НАТО и препуштањето на европската безбедност на Европејците, или легализирање на лесните дроги како начин да се сузбие криминалот, а за Балканот, тој е еден од ретките експерти кои работеле на балканските прашања кој се залага за менување на границите.

За Македонската информативна агенција, Карпентер го објаснува овој став. – Јас не мислам дека се потребни значителни територијални промени на Балканот, особено не за Македонија. Сметам дека се потребни, повторно мали територијални промени на северот на Косово, со цел да се затвори тоа прашање со признавањето на Косово. Состојбата е поинаква во Босна и Херцеговина, која како држава не е одржлива во својата моментална форма и каде трајно решение треба да биде распад на државата, и нејзина поделба на три дела меѓу Хрватска, Србија и муслимански дел во средината. Но, не мислам дека треба да се отвори еден хаотичен процес кој би ги зафатил сите држави во регионот, вели Карпентер.

Тој го критикува актуелниот пристап на САД и на европските држави, дека менување на границите е апсолутно неприфатливо, во било кој случај на Балканот.

Карпентер смета дека треба да смени пристапот кон државите и наместо едно општо правило за сите балкански земји, да се бараат уникатни решенија за секоја одделно.

Според него, во случаите каде што овие гранични промени можат да се извршат без трансфер на население, треба да се разгледа таа можност, вели Карпентер, посочувајќи ги северот на Косово и Босна како пример.

Карпентер, кој доаѓа од институт кој се залага за отворени граници и соработка меѓу државите, вели дека овој концепт што се применува на Балканот е добар, но поради кризата во Европската унија, реално не може да се очекува дека бришење на балканските граници преку ЕУ интеграциите е остварливо решение.

– Концептот на отворени граници е многу добар како идеал, но ќе биде многу тешко да се оствари. Тоа е централната поента на ЕУ, но самата ЕУ е соочена со големи потешкотии, и затоа привлечноста на овој „морков“ што Унијата го нуди на балканските етнички групи за да ги потисне нивните сепаратистички движења веќе не е толку ефикасен како што беше до скоро. Сведоци сме дека и во самата ЕУ има појави на сепаратизам, како во Каталонија на пример, смета Карпентер.

Што се однесува до американската политика кон Балканот, Карпентер смета дека особено конструктивни се покажале предлозите да се спроведат економски реформи, повиците за отворање на пазарите, елиминирање на корупцијата и намалување на регулативата, што ги бараа администрациите и на претседателот Буш и на Обама.

– Ова се не само добри, туку и неопходни промени кои ги баравме од југоисточна Европа. Особено со светската рецесија, која силно ја погоди југоисточна Европа, последиците ќе беа многу поголеми да не беа спроведени овие реформи. Што се однесува до нашиот ангажман, посакувам Буш и Обама да не бараа од земјите во југоисточна Европа да ја следат нашата надворешна политика, кој мисиите надвор од Европа. Ова значеше балканските земји добија многу нови обврски, не добија некоја значителна предност од тоа, а и самите станаа цел за непријателите на САД, вели Карпентер.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност