Калиопи: Ова е најтажниот ден во мојата кариера

Од:

Макеодонската пејачка Калиопи се огласи по прекинатиот концерт кој требаше да се одржи во МТС салата во Баелград.

Ова е најтажниот ден во мојата кариера…

Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, изгубивме живот…

Во мое име и во името на целиот мој тим, изразуваме најдлабоко сочувство до семејството на починатата.

Ова е мојата прва и единствена изјава за вечерашниот непријатен и многу тажен настан за сите нас…

Се надевам дека мојата публика ќе разбере со одложувањето на вечерашниот концерт…. Наскоро ќе биде објавен нов датум, напиша Калиопи на социјалните мрежи.

Концертот на Калиопи во белградската сала МТС бил прекинат бидејќи на непозната жена и се слошило, а набргу починала.

Калиопи морала да заврши со долго најавуваниот концерт бидејќи на една жена од публиката ненадејно и се слошило, а брзата помош пристигнала со молскавична брзина.

Присутните сведочат дека сите морале веднаш да го напуштат просторот, а и покрај големите напори на итната помош да ја одржат во живот, жената починала.

Госпоѓата која на концертот пристигнала со другарките и ќерката, наводно наеднаш изгубила свест и колабирала.

Според медиумите, несреќната жена која имала околу 70 години била реанимирана, но безуспешно.

Македонската пејачка според српските емдиуми била избезумена од ситуацијата.

Би можело да ве интересира

Лажната вест дека Калиопи починала го вознемири регионот, се јави и пејачката

Предраг Петровиќ

Трагедија на концерт на Калиопи во Белград: Жена почина во салата

Катерина Ѓуровски

Концерт на Калиопи во Велешкиот театар

ВИДЕО: Вечерва се одржува доделување на музичките награди МАС

Драган Поповски

Калиопи одржа акустичен концерт во Белград

Наум Локоски

Руска верзија на „Црно и бело“ – Калиопи

Ана Ололовска