Каде се реформите?

Од:

Индекс – Загреб

Владата на Тихомир Орешковиќ е најнепродуктивна во изминатите осум години, барем што се однесува до досегашната работа.

На самиот почеток на мандатот, поради многу афери го сменија министерот за одбрана Мијо Црноја и тоа само поради притисокот од јавноста. Смената на кадрите се уште не ја извршиле, а цело време траат и немири во владејачката коалиција.

Помалите партии на Патриотската коалиција забележуваат неефикасност на главниот партнер на ХДЗ, Мост, а се заедно доведЕ до тоа ни еден месец по смената на министерот за одбрана, новата Влада се уште да нема именувано нов министер. Покрај тоа, се уште не почнале со никакви реформи, наспроти тоа што жестоко ги најавуваа.

Исто така проверивме колку закони се изгласани на почетокот на мандатот на Орешковиќ, а колку на почетокот на владите на Милановиќ и Санадер.

Така во истиот период за време на последната влада на Санадер, шестиот состав на Саборот усвоил девет закони, за време на Владата на Милановиќ седмиот состав на Саборот изгласал дури 26 закони, додека осмиот состав додека на власт е „Tim’s Team‟ донесе само два нови закона.

Првиот закон кој го изгласа Саборот, а кој го предложи новата Влада на Тихомир Орешковиќ, се измени на Законот за управување и располагање со имотот во државна сопственост.

Тој Закон на потпретседателите на Владата, Томислав Карамарко и Божо Петров им овозможи да седат во Комисијата за управување со стратешките трговски друштва.

Владата на Орешковиќ донесе најмалку закони

На последната седница што се одржа во петокот, Владата на Орешковиќ донесе измени на Законот за контрола на државните граници и на Законот за одбрана, а овозможи и испраќање на војска на границата, како што тврдат, да помогне на полицијата во решавање на мигрантската криза.

Иако мандатот на владите на Санадер, Милановиќ и Орешковиќ не почнаа во исто време, кога ќе се земе предвид паузата која Саборот секоја година ја има од 16 декември до 15 јануари, времето кое беше на располагање за донесување на нови закони приближно се сведува на еднаков период.

Така мандатот на сегашната влада на Тихомир Орешковиќ почна на 22 јануари 2016 година, додека на 8-та седница се конституираше Хрватскиот сабор на 28 декември 2015 година. Мандатот на Владата на Зоран Милановиќ почна на 23 декември 2011 година, додека седмиот состав на Хрватскиот сабор беше конституиран на 22 декември 2011 година.

Мандатот на владата на Иво Санадер почна на 12 јануари 2008 година, додека шестиот состав на Хрватскиот сабор беше конституиран на 11 јануари 2008 година.

Од друга страна прегледот на донесените закони во првите два месеца, на 6, 7 и 8 состав изгледа вака:

8. состав (28 декември 2015 – 28 февруари 2016) – 2

7. состав (22 декември 2011 – 22 февруари 2012) – 26

6. состав (11 јануари – 11 март 2008) – 9

Овој преглед, наведуваат во Саборот, ги исклучува сите останати акти донесени во тој период.

Пауза на Собранието од 16 декември до 15 јануари

– Исто така можеме да потсетиме дека редовната законодавна процедура предвидува две читања на предлог-законите, со тоа што меѓу првото и второто читање може да поминат шест месеци и дури по две читања да се гласа за прифаќање или неприфаќање на законот. Само законите што се по итна постапка тие брзо се расправаат (читањето е обединето, 1 и 2), а потоа се гласа за нив (позитивно, негативно или воздржано)‟.

Покрај тоа, собраниската работа не се сведува само на расправи и донесување на закони, туку и на расправи и гласање за други акти: извештаи, заклучоци, резолуции, декларации, меѓународни договори и друго.

Хрватскиот сабор заседава редовно двапати годишно: меѓу 15 јануари и 15 јуни, како и меѓу 15 септември и 15 декември. (Надвор од тие рокови, Саборот со услови предвидени со Уставот на Република Хрватска и Деловниот на Хрватскиот сабор, може да одржува вонредни седници).

Тоа значи дека со оглед на горе наведените датуми на конституирањето на 6, 7 и 8 состав на Сабор, уставната пауза во заседание трае од 16 декември до 15 јануари (едномесечна пауза), стои во одговорот на Саборот.

Шефицата на службата за медиуми на Хрватскиот сабор, Марина Буртиќ Јуричиќ рече дека како последица на тоа е и различниот број на работните денови на Саборот, па потенцира дека календатските прегледи на законодавната работа врз основа на првите два месеца на собранискиот состав се неспоредливи.

Меѓутоа, како што наведовме, токму паузата на Саборот од еден месец треба да се земе предвид, бидејќи според неа секоја Влада, т.е. Сабор со работа би почнале дури од 15 јануари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски