Јункер: Сега е најдобар момент за обединување на Кипар

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер денеска во Никозија изјави дека сега е најдобар момент за обединување на Кипар, кој е поделен веќе четири децении.

– (Обединувањето) треба да се направи сега, веднаш, затоа што има големи шанси за тоа и тоа треба да го направиме сите заедно. Вие не сте сами во тоа… ЕУ го следи тој процес од ден во ден и ако се реализира, парите ќе бидат тука. Не ви ветувам пари, туку едноставно ја опишувам иднината на таа голема држава, изјави Јункер во обраќањето пред пратениците на кипарскиот Парламент.

Јункер оцени дека актуелните прегвори меѓу лидерите на двете кипарски заедници што се водат под покровителство на ОН, претставуваат „клучен момент во историјата на Кипар“.

Кипар е поделен од 1974 година, кога турската армија интервенираше на островот со цел да ги спречи плановите на властите во Никозија, за припојување на земјата кон Грција. Во северниот дел на островот, што беше под контрола на Турција, во 1983 година беше прогласена Турската Република Северен Кипар, која единствено е призната од Анкара.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар