Јункер до Мицотакис: Имам доверба во вашите способности

Од:

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, му честиташе на лидерот на Нова демократија за како што наведе, јасна победа на парламентарните избори.

„Имам апсолутна доверба во вашите лични способности и способноста на Грците да напишат ново и посветло поглавје во историјата на вашата земја. Можете да сметате на мојата лична поддршка и поддршка од Европската комисија во остварувањето на таа цел”, нагласи Јункер во неговата честитка.

Тој истакна дека грчкиот народ претрпел многу во изминатите десет години, оценувајќи дека достоинството, издржливоста и посветеноста кон Европа, што тие го покажале, заслужуваат почит.

Јункер смета дека е голем успех на ЕК помошта за Грција да „има нова страница, да излезе од кризата и да планира своја иднина“.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки