Јилдирим сака да види реални оценки во новиот извештај на ЕК за напредокот на Турција

Од:

Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјави дека сака да види реални оценки во новиот извештај на Европската комисија за напредокот на Турција.

ЕК наскоро ќе го објави извештајот за напредокот на Турција.

– Би сакале во него да нема предрасуди и да содржи реална оценка за турската политика и општество. Тој извештај не треба да содржи неосновани изјави, рече тој.

Јилдирим нагласи дека Анкара се залага за позитивен развој на односите со ЕУ.

– Но Европа треба да се откаже од двојните стандарди. Таа треба да ја гледа Турција како пријател и чесен партнер. Расизмот, ксенофобијата, исламофобијата во ЕУ не водат кон ништо добро, рече турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски