Ји: САД се против промена на границите на Балканот

Од:

САД не поддржуваат промена на границите, ниту прекројување на Балканот, изјави заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји.

Тој смета дека промената на границите не би придонела за безбедност и стабилност во регионот.

– Границите на балканските држави се јасно дефинирани, меѓународно признати и не се прашање на спорови. Промената на границите на Балканот не би придонела за безбедност и стабилност во регионот, изјави Ји за грчкиот весник „Катимерини“.

Тој ги повика политичарите во регионот да се воздржат од реторика за „поделби“ и да се фокусираат на политички и економски реформи што се неопходни за евроатланските интеграции.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас