Једличка: Признавањето на Либерленд од Србија и Хрватска е реално

Од:

Активистот и „претседател“ на самопрогласената држава Либерленд, Чехот Вит Једличка тврди дека признавањето на Републиката прогласена по течението на Дунав меѓу Хрватска и Србија е реално и дека за тоа има позитивни сигнали од хрватското Министерство за надворешни работи, јави дописникот на МИА од Прага.

Според неговата изјава за Чешката државна телевизија ЧТ 24, Либерленд која е замислена како земја на даночен рај, на двете балкански држави ќе им обезбеди економски раст, бидејќи во иднина ќе стане „Хонг Конг на реката Дунав“.

„Демократската Република Либерленд“, која се протега на седум километри квадратни територија, на српско-хрватската граница, Једличка ја објави на 13 април.

Територијата која е всушност предмет на граничен спор меѓу двете земји, Једличка тврди дека е ничија земја.

– Имаме хартија од Министерството за надворешни работи на Србија, кој децидно вели дека за таа територија не се заинтересирани, а со тоа што Хрватите на другата страна направиле граница и инсистираат на неа, јасно зборува дека исто така не се заинтересирани, оцени Једличка.

Според хрватскиот портал „Дневник.хр“ не е точно дека станува збор за „ничија територија“ туку за хрватска сопственост. Експертите исто така сметаат дека не се работи за таква категорија туку едноставно во таа област се уште не е дефинитивно зацртана хрватско-српската граница.

Слично пишуваат и српските медиуми, сметајќи дека новопрогласениот лидер е член на ,,Партијата на слободните”, (која се истакнува со ставови против ЕУ) и единствена цел му е да привлече внимание.

Во саботата, Једличка заедно со уште неколкумина негови пријатели биле приведени од хрватската полиција со образложение дека нелегално ја поминале границата меѓу Хрватска и Србија.

По една ноќ мината во притвор биле изведени пред суд кој им одредил поединечно по 300 евра парична казна.

Би можело да ве интересира

Хрватската полиција упадна во Либерланд: „Ни го уништија имотот и не навредуваа, стоп за оваа лудост“

Самопрогласената мини држава Либерланд отвори претставништво во Белград

Наум Локоски

На чекор од утопија: Избран идниот изглед на „државата“ Либерленд

Емир Латифовиќ

Претседателот на „Либераланд“: Бегалците можат кај нас, но само ако платат 10.000 долари

Ана Ололовска

Либерланд е Србија!

Ана Ололовска

Уапсен Чехот Вит Једличка кој прогласи независна држава Либерленд

Емир Латифовиќ