Јанша лут поради критиките од Советот на Европа за состојбата со медиумите: Дуња Мијатовиќ шири лажни вести

Од:

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја обвини комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ за ширење „лажни вести“ затоа што во својот извештај ја критикуваше состојбата со слободата на медиумите во Словенија.

– За жал, Дуња Мијатовиќ е дел од мрежата на лажни вести. Таа е добро платена со нашите пари, напиша Јанша во објавата на Твитер на англиски јазик.

Во извештајот објавен кон крајот на минатата недела, Мијатовиќ ја повика словенечката Влада да престане со влошување на состојба во областа на слободата на медиумите и слободата на изразување.

Во извештајот што го даде по посетата на Словенија и разговорите со неколку високи функционери, таа ги наведе малтретирањето и заплашувањето на новинарите како проблеми во Словенија и најави тужби против некои од нив, предупредувајќи дека некои активности на словенечката Влада можат да ја нарушат независноста, кредибилитет и финансиска стабилност на јавните медиуми.

Би можело да ве интересира

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Невремето од Словенија ја зафати Хрватска: Силните налети на ветер уриваа покриви и дрвја

Италијански полицајци бркале Романци низ цела Словенија