Израелскиот министер Фреј во Приштина: Подготвени сме да инвестираме во Косово

Од:

Министерот за регионална соработка на Израел, Есави Фреј, кој ја предводи израелската државна делегација што допатува денеска во Приштина, рече дека неговата земја ги разгледува можностите и е заинтересирана да инвестира во разни области во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

На заедничката прес – конференција со косовскиот министер за локална самоуправа Елберт Красниќи, Фреј рече дека и неодамнешното именување на амбасадорката за Косово е доказ за пријателството меѓу двете држави, затоа што, како што напомена, „има земји во Западен Балкан во кои Израел нема амбасадори“.

– Ова е прва посета на еден израелски министер на Косово и во нејзини рамки ќе се третираат многу прашања. Народот на Израел со задоволство ќе инвестира тука. Ќе најдеме во кои области ќе ги насочиме нашите инвестиции. Косово е значајно за нас и токму заради тоа ние имаме амбасадорка тука. Засега ја имаме амбасадорката, но сигурен сум дека со јакнењето на нашите економски врски во иднина ќе биде отворена и амбасадата тука, изјави Фреј.

Тој посетата ја оцени како почест и како историски момент, затоа што се реализира токму на првата годишнина од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Косово и Израел.

– Дојдов тука во името на израелската држава за да му кажам на народот на Косово дека сме отворени за соработка. Сакаме да ги унапредиме и зајакнеме нашите врски. Имаме многу заеднички работи, ги споделуваме вредностите и ја сакаме демократијата. Ние ја разбираме борбата за независност. Нашите две земји се мали, но со богат човечки потенцијал. Ова е моја прва посета, но е само почеток, изјави Фреј.

Косовскиот министер Красниќи информира дека израелскиот гостин попладне ќе се сретне со премиерот Албин Курти и со министерката за надворешни работи, Доника Грвала, додека за утре се предвидени средби со градоначалници на неколку косовски општини.

Израелската делегација по пристигнувањето во Приштина положи цвеќиња кај Меморијалната плоча во чест на жртвите на Холокаустот, која се наоѓа во дворот на Собранието на Косово. По прес-конференцијата двајцата министри заминаа во посета на педијатриската болница и на организацијата „Хендикос“, каде што ќе предадат донација од колички за деца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски