Израел одби да го признае Косово

Од:

Израел одбил да ја признае косовската независност, пишува приштинскиот весник „Коха“ и како што наведува тоа се случило и покрај тоа што претседателот Хашим Тачи и дал добра понуда на владата на Бенјамин Нетанјаху.

Според зборовите на директорот за Балканот, при Министерството за надворешни работи на Израел, Дан Ориан, Тачи пред два месеци предложил Косово да отвори своја дипломатска мисија во Ерусалим во замена за признавање на косовската независност.

– Нашата позиција е сосема јасна. Нема да ја признаеме независноста на Косово, колку што знам нема причина за промена на нашиот став. Израел е целосно свесен колку е ова чувствително прашање на Балканот, рече портпаролот на израелското министерство за надворешни работи Емануел Насон, а пренесува „Коха“.

Се наведува дека Ориан го известил српскиот претседател Александар Вучиќ дека Косово во Израел ќе отвори само трговско претставништво, со кое ќе раководат израелски бизнисмени.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане