Израел ја обвини палестинската управа за нападот врз неговата Амбасада во Атина

Од:

Израел за нападот врз израелската Амбасада во Атина ја обвини палестинската управа и пропалестинските организации ширум светот поради постојаното подбуцнување против еврејската држава.

– Меѓународната заедница мора да го осуди тоа постојано подбуцнување, кое доведува до вакви резултати, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Имануел Нахшон.

Тој изрази благодарност до грчките власти за блиската соработка во истрагата на инцидентот, изразувајќи надеж дека напаѓачите брзо ќе бидат фатени.

Израелските медиуми јавуваат дека четворица напаѓачи на два мотоцикли истрелале куршуми кон зградата на Амбасадата во северното предградие на Атина и оти четириесетина метри оттаму досега се пронајдени 54 чаури.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

Грција воведува шестдневна работна недела