Избори во Албанија: Гласаа Мета, Рама, Баша, како и косовскиот премиер Курти

Од:

Своето право на глас денеска претпладне на парламентарните избори во Албанија го остварија трите главни политички личности во земјата, како и косовсккот премиер, кој поседува и албанско државјанство.

Претседателот Илир Мета кусо по пуштањето на ливчето во гласачката кутија кажа „За Уставот, за Републиката“ и ги повика граѓаните масовно да излезат и да гласаат.

– Дојде овој благословен ден, Бог ни помогна денеска суверенот (народот) да има најдобри можни услови за да ја изрази својата волја преку слободно гласање. Еднаквоста пред законот се гарантира само со еднаквоста на гласот. Секој граѓанин треба слободно да гласа за она во што верува, како и за кандидатот. Изберете ги најдобрите и најискрените кандидати. Претседателот има агенда што се поклопува секоја секунда, но најважната работа ја завршив. Денеска е патриотски чин, се се брани со гласање. Да ја убедиме Европа дека сме народ што заслужува интеграција, рече Мета, кој гласаше уште во 7 часот утринава, веднаш по отворањето на гласачкото место.

Лидерот на Социјалистката партија и премиер Еди Рама по гласањето изјави дека денеска е убав ден за да граѓаните го „шутнат својот пенал, односно да гласаат“.

-Ова е многу убав ден. Фантастичен ден, денеска е ден во кој не треба да се негувааат негативни чувства кон секој што со својот глас ќе изрази поинакво мислење. Денеска сме големо семејство во една татковина, нека не забораваат дека демократијата е спорт без публика, спорт за секој да влезе на терен и да го шутира свој пенал, изјави Рама.

Неговиот најголем опонент, претседателот на Демократската партија, Љуљзим Баша, откако гласаше рече дека ова е историски ден и ги повика граѓаните да излезат и масвно да гласаат.

-Ова е еден прекрасен, историски ден, ден кога сите ја имаме моќта во наши раце, за семејството, за децата, за нацијата. Гласајте масовно за да ја направите иднината можна. Денеска е ден на Албанија, излезете масовно и одлучете. Ова е вашиот ден, денот на демократијата, порача Баша.

Правото на глас денеска во Тирана го оствари и косовскиот премиер Албин Курти, кој денешниот ден го нарече ден на демократијата и посака убави денови и благосостојба за Албанија.

-Денеска е ден на демократијата. Ги повикувам сите граѓани да ја почитуваат татковината, со гласање и да го направат најдобриот избор според принципите и вредностите што ги имаат сите. Денот е убав. Така ќе биде до вечерва. Ви посакувам убави денови и благосостојба на Албанија и на секој човек кој, исто како мене, има албански пасош , рече Курти.

Од огранокот на неговата партија во Албанија, на овие избори се тројца кандидати, кои се тркаат како независни во Тирана, Лежа и Ѓирокастро.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски