Изби оган во авион на линијата Штутгард-Приштина, повреден пилотот

Од:

Авион кој лета на релацијата Штутгард-Приштина бил принуден да слета на аеродромот во Љубљана, откако за време на летот внатре во леталото избил оган.

Според информациите до кои дојде порталот „Газета Експрес“, авионот селтал безбедно на аеродромот во главниот град на Словенија и не настрадал ниту еден од патниците, кои се речиси сите од Косово.

Единствено пилотот на авионот се здобил со повреди, но се уште нема информации колку се тие сериозни.

Од приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ за порталот изјавија дека не можат да се произнесат за инцидентот, бидејќи тој не се случил во Косово.

– Со оглед дека не се случи кај нас, ние не можеме да се произнесеме за некоја друга компанија, изјави портпаролот на приштинскиот аеродром, Унидон Красниќи.

Би можело да ве интересира

Авион мораше итно да слета, патниците врескале: екипажот пријавил необично животно во моторот

Предраг Петровиќ

Најголемиот страв на Џенифер Анистон: „Одев дури и на хипноза…“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово

Авион од САД за Кина морал да се врати на половина пат бидејќи пилотот не го носел пасошот

Авион на Ер Индија се врати во Чикаго по 10 часа лет – 300 патници делеа еден тоалет

А1он