Италијанци избегале од ресторан во Албанија, премиерката Мелони ја плати сметката

Од:

Италијанската премиерка Џорџа Мелони летуваше во Албанија. Она што го привлече вниманието е што се погрижила сопственикот на ресторанот да не остане со празни раце откако група нејзини сонародници побегнале без да ја платат сметката.

Мелони и нејзиното семејство поминаа неколку дена во Албанија оваа недела како гости на премиерот Еди Рама, чија земја ужива туристички бум благодарение на плажите со бел песок и ниските цени во споредба со остатокот од Европа.

Кога веста дека Италијанците избегале без да платат од ресторан во градот Берат ги обиколи локалните медиуми, Мелони се вклучи да помогне, изјави Рама за La Stampa.

-Одете и платите им ја сметката на овие идиоти, ве молам – ги цитира Рама зборовите на Мелони до италијанскиот амбасадор во Албанија. Во Албанија беше и италијанскиот министер за земјоделство Франческо Лолобриџида кој рече дека тоа е прашање на национална гордост.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Мелони: Новите американски царини за ЕУ ​​се грешка

Мелони застана во одбрана на Ле Пен. „Се одземаат правата на милиони граѓани“

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он