Најголемите проблеми со кои се соочува Косово на надворешен план се Србија и Исламска држава, покажува истражувањето на Косовскиот центар за безбедносни студии, објавено денеска, јави Танјуг.
Истражувачот во тој центар, Софие Круезиу, рече дека 70 отсто од испитаниците оцениле дека ИД претставува еден од водечките проблеми за Косово.
Најголем проблем на Косово, на внатрешен план според истражувањето е невработеноста, веднаш зад неа е корупцијата, по што следат организираниот криминал и недостигот на политичка стабилност.
Граѓаните сметаат дека невработеноста, сиромаштијата и недостигот на економски развој или недостигот на можност за вработување на младите, поради можни немири, претставуваат една од најголемите закани за националната безбедност на Косово.