Истанбул се соочува со недостиг на вода

Од:

Нивото на водата во вештачките акумулации од каде Истанбул се снабдува со техничка и вода за пиење, е паднато на околу 21,09 проценти од вкупниот капацитет, што претставува најниското ниво во последните десет години.

Експертите тврдат дека количеството на водите во моментов изнесува 192 милиони кубни метри, што значи дека е доволно само за околу 70 дена.

Дневните потреби од вода во мегаполисот Истанбул, во кој официјално живеат 14,16 милиони лица е 2,5 милиони кубни метри. Но, во текот на летото, поради жештините и туристите, потребите на луѓето надминуваат 2,7 милиони кубни метри. Во последните денови дневните потреби на жителите надминуваат 2,8 милиони кубни метри.

Во повеќе населби на Истанбул, и во европскиот и во азискиот дел на градот, се применуваат рестрикции на водоснабдување, иако тоа, официјално не е прогласено. Водата за домаќинствата се запира во различни делови од денот, понекогаш преку ден, а понекогаш ноќе.

На социјалните мрежи се коментира дека Владата треба да го повика населението на штедење на водата. Истанбулската општина и дирекцијата за води се обвинувани дека ја кријат вистинската состојба со водата, односно дека во Истанбул ситуацијата со водата е критична.

Турскиот министер за води Вејсел Ероглу пред извесно време јавно ги отфрли ваквите тврдења на социјланите мрежи.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски