Исправена неправда: Вратено името Пустец

Од:

Собранието на Албанија едногласно го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец, чие претходно албанизирано име беше Ликенас, јави Канал 77.

„Неправдата е исправена. Ова е историска придобивка на Македонците во Албанија и поттик за натамошно унапредување на положбата и правата на Македонците. Ние сме лојални граѓани на Република Албанија, таа е наша татковина, и оваа одлука на Собранието на Албанија е заслужена и долгоочекувана“, изјави градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко кој воедно е и лидер на партијата на Македонците во Албанија Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Петходно во четвртокот лидерот на албанската опозиција Еди Рама, и покрај тоа што неговите пратеници се спротиставија во законодавноправната комисија на албанското собрание за општината Пустец и официјално да си го врати името наместо Ликенас, даде зелено светло дека неговите пратеници ќе го поддржат предлогот Пустец да биде официјално име на општината во која живеат Македонци.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици