Исламисти влегле во Турција, тргнале и кон Бугарија?

Од:

Екстремисти на ИСИС влегоа во Турција и планираат да изведат напади на Анкара и Истанбул, односно на дипломатските претставништва на другите држави во тие градови, предупреди Турската разузнавачка агенција МИТ и наведе дека екстремистите планираат упад и во Бугарија.

Според наводите на припадниците на службите за безбедност, околу 3.000 џихадисти се подготвуваат на територијата на Турција да влезат преку јужната граница со Сирија, бидејќи не успеале да го освојат курдскиот град Кобане, пишува турскиот весник „Хуријет“, пренесувајќи се на извештајот на членовите на МИТ.

-Постои верување дека некои милитанти, пред се оние кои планираат да изведат напади, веќе се во Турција и се наоѓаат во сигурни куќи. Тие се експерти за самоубиствени и бомбашки мисии, а нивна цел е да го оневозможат функционирањето на коалициските сили кои преку Анкара и Истанбул интервенираа во Сирија против ИСИС. Дел од милитанитите планираат да влезат во Бугарија за да полесно вршат напади врз членките на ЕУ- стои во извештајот на МИТ.

Српски „Курир“ пренесе дека турската полиција одбила да ги коментира наводите на медиумите, а МИТ не бил достапен за коментар.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Софија е подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски