Исчезна 11-годишно девојче, активиран Амбер алерт во Грција

Од:

Организацијата „Насмевката на детето“ го активира Амбер алерт поради исчезнување на 11-годишно девојче од селото Миртија во областа Илија во западниот дел на Грција.

Василики Николопулу (11) исчезнала во неделата вечерта во 21 часот и 10 минути.

За исчезнувањето на девојчето денеска била информирана организацијата „Насмевката на детето“ и веднаш по наредба на обвинителот бил активиран механизмот за тревога Амбер бидејќи има причини да се верува дека нејзиниот живот е во опасност, пренесуваат грчките медиуми.

Василики има кафена коса и кафени очи, висока е 150 сантиметри и со нормална тежина.

На денот на нејзиното исчезнување носела бел фустан и бели влечки. Секој кој има информации за девојчето се замолува веднаш да ја извести организацијата или да се обрати во полиција.

Би можело да ве интересира

Дрон убил 14-годишно девојче од Украина додека спиела

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

„Најди ме“ во Македонија уште на ниво на невладини и доброволно – нема ниту оператор за исраќање СМС пораки

Анита Петровска Рајковиќ

Се преврте чамец со мигранти, загина девојче

А1он

Во Хрватска, ракета погоди мало девојче во глава, се здоби со тешка повреда

А1он

Малата Мелиса од Германија, која исчезна во неделата попладне, е пронајдена мртва