„Најди ме“ во Македонија уште на ниво на невладини и доброволно – нема ниту оператор за исраќање СМС пораки

Од:

Случајот со исчезнатата двегодишна Данка во Србија повторно го отвори прашањето за функционирање на Амбер алерт – системот за брзо алармирање и пронаоѓање на исчезнати деца.

Со исчезнувањето на малата Данка, Србија за прв пат го употреби овој систем. Сите граѓани добија итен СМС во кој се содржани информации за исчезнатото дете, сите медиуми итно ја прекинаа програмата и информираа за исчезнувањето.

Но, иако овој систем се воспостави и во Македонија по исчезнувањето, а потоа и убиството на 14 годишната Вања, кај нас системот се уште функционира на ниво на невладини организации и доброволно вклучување на институции и претпријатија.

Во Македонија системот има име „Најди ме“. Пилот-проектот за системот за рано предупредување на исчезнати деца, во чии рамки е и веб-страницата Најдиме.орг.мк, во период од година и половина го спроведуваше здружението „Новинари за човекови права“, но проектот заврши.

Сепак од оваа невладина организација за А1он велат дека продолжуваат да го работат сајтот на волонтерска основа и согласно нивните капацитети. Добро е што еден од партнерите кои и официјално се вклучени во овој сајт е и МВР и сите објави ќе функционираат со помош на Министерството за внатрешни работи.

„ Кај нас системот не е покриен со законски решенија како што тоа е напревено во Србија. Ние функционираме на доброволна основа и партнери, компании или институции кои се општествено одговорни и самите се пријавуваат да бидат дел од системот„ , вели за А1он Александра Радевска од НВО „ Новинари за човекови права„

Листата на партнери се проширила по официјалната промоција на сајтот во декември, но сепак се уште нема ниту еден мобилен оператор на неа. И испраќањето на СМС пораки во случај на исчезнато дете во Македонија не функционира.

„ Листата на партнери постојано ја обновуваме. Има компании кои и самите ни пријдоа и сакаа да помогнат и да се дел. Мора да нагласам дека имаме одлична соработка со МВР и со неколку министерства, како министерството за образование и труд и социјална политика. Наш партнер е и ЈСП, исто така и такси компании, хотелиери. Но се уште немаме соработка со мобилен оператор за испраќање на СМС пораки„ , вели за А1он Александра Радевска од НВО „ Новинари за човекови права„

Од МВР за А1он велат дека се вклучени во системот и до сега имаат одлична соработка, а се со цел побрзо пронаоѓање на евентуално исчезнати деца.

Сепак и од невладината организација потенцираат дека употребата на системот, односно кога и дали ќе биде активиран зависи од информациите, проценката на МВР дали тоа ќе помогне во работата на полицијата на случајот или можеби ќе одмогне, дали родителите сакаат објавата да биде јавна и слично.

Од Министерството за образование беше истакнато дека образовниот систем има важна улога во раното предупредување за исчезнати деца дека МОН го става на располагање сиот свој капацитет во развојот на овој систем.

Начинот на пријавување и објавување на „Најди ме“ е следен. Сајтот е достапен на македонски, албански и ромски јазик. Секој од секаде ќе може да пријави исчезнато лице, а пријавата првично нема да се гледа јавно. Во меѓувреме, лицата кои стојат зад веб-страницата ќе ги разгледаат податоците добиени за исчезнатото лице и ќе ги пријават во МВР, а по добиена повратна информација идентитетот на исчезнатото дете се објавува и официјално на веб-страницата.

Исто така доколку МВР има пријава и процени дека е потребно алармирање преку системот Најди ме, ќе ги извести лицата кои работат на сајтот.

Сепак дури и по објавата алармирањето ќе оди само на сајтот, социјалните мрежи, и партнерите на системот како ЈСП, такси компании и слично. Од здружението велат дека иако немаат обврска медиумите да објавуваат, односно нема законска обврска како во Србија, сепак соработката со нив е добра и се одзиваат на апелот за објава и пројавуваат интерес за соработка.

Во регионот освен во Србија каде зад овој систем сериозно застана државата и е уреден со законски решенија, има и во Хрватска.

Во Хрватска е со име „Нено Аларм“ и фунскционира од 2022 година. Кога ќе исчезне дете, хрватската полиција ја известува компанијата Мета, која иницира предупредување – „Нено аларм“, до граѓаните – корисници на Фејсбук и Инстаграм – во радиус од стотина километри од местото каде што детето последен пат е видено. Прв пат го употребија во Февруари годинава, при исчезнувањето на 14 годишната Инес.

Во САД, „Амбер Алерт“ функционира од 1996 година. Именуван е по деветгодишно девојче од Тексас, Амбер Хагерман, која била киднапирана додека возела велосипед, а потоа и убиена. Случаен минувач шетајќи го кучето го нашол телото на Амбер пет дена подоцна, фрлено во поток, на помалку од 10 километри од паркингот каде Амбер била киднапирана.

Би можело да ве интересира

Промовирана веб – страницата за рано предупредување за исчезнати деца najdime.org.mk

Промоција на najdime.org.mk – веб страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца

(ВИДЕО) Како ќе функционира „Најди ме“ и дали ќе помогне во случаи како со Вања: Интервју со Радевска

Александар Тодески

74 малолетници исчезнале за три години – Македонија нема систем за брзо алармирање, помош се бара на Фејсбук

Анита Петровска Рајковиќ

Исчезнато 10-годишно дете во Мариово

А1он

На секои 3 минути исчезнува по едно дете во светот

Ана Ололовска