Иринеј: Длабоко сум потресен од случувањата во Црна Гора

Од:

Српскиот патријарх Иринеј изјави дека е длабоко потресен од актуелните случувања во Црна Гора по повод законот за слобода на вероисповедта или уверувањата и правната положба на верските заедници, објавено е денеска на сајтот на Српската православна црква (СПЦ).

СПЦ наведува дека патријархот ова го кажал во средата на средбата со новоименуваниот српски амбасадор во Црна Гора Владимир Божиновиќ.

Тој додаде и дека „посветено се моли“ на Бога за мир и единство на црногорските државни органи и црковни великодостојници заради доброто на сите народи без разлика на вероисповедта и националната припадност на Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес во близина на Врњачка Бања