Интерпол трага по четиринаесет Албанки-опасни криминалки

Од:

Меѓу илјадниците лица по кои трага Интерпол, се наоѓаат и 14 Албанки, поголемиот број од нив заради меѓународна трговија со дрога, јави дописникот на МИА од Тирана.

Најкарактеристичен случај е оној на Лижјета Жара(60) од Валона, која е осудена во отсуство. Втора по возраст е Цетина Зајми(56) од Тирана која се бара за измама. Посебен случај е и оној на Верѓинуш Ферхат(47) од Корча која се бара за сериозни неморални дејствија. Се бара и Орнела Чела(Булај) за измама на работа и пирамидална штедилница.

Меѓу оние кои ги бара Интерпол е и Албанка родена во Германија. Станува збор за Алики Буртатзи(47) родена во Лајпвиг а се бара за шверц со оружје и муниција. За убиство во специфични услови се бара и Зулфије Хаклај (50). Најмладата Албанка која ја бара Интерпол е на триесетгодишна возраст.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент