Интензивни врнежи од снег, отежнат е сообраќајот низ цела Босна

Од:

Снегот кој интензивно паѓа во поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикува отежнат сообраќај, кој се одвива отежнато на повеќето правци, особено на делниците во повисоките планински предели.

Силниот ветер создава дополнителни проблеми, формирајќи снежни наноси. Во Херцеговина врне дожд, а коловозите се влажни и на места лизгави.

На границите се забележуваат дополнителни компликации. Поради зимски услови во Хрватска, на граничниот премин Изачиќ е забранет сообраќајот за камиони со приколки и трактори. Долги колони патнички возила се забележани на влезот во БиХ на премините Велика Кладуша, Босанска Костајница, Градина, Босанска Градишка и Босански Брод, додека на другите премини нема подолги задржувања.

Во Босна и Херцеговина се најавени врнежи од снег за претстојниот викенд, но наскоро се очекуваат и малку повисоки температури од вообичаените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Источна Европа е погодена од снежна бура, снежно невреме во Москва

Горан Наумовски

ВИДЕО: СИПА се обиде да го приведе Додик во источно Сараево, се спротивстави полицијата на Српска

Предраг Петровиќ

Земјотрес во Црна Гора: „Добро се тресеше“

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Вучиќ и покрај заканите од ЕУ ќе оди во Москва: Не ја менувам одлуката

Изгласана новата Влада на Србија