Институтот Gejtston: Радикалните исламисти се селат во Босна и Херцеговина, Македонија, Србија

Од:

Радикални исламистички елементи и нивните финансиери, главно од Саудиска Арабија и други земји во Заливот, се селат во Босна, Македонија, Црна Гора и Србија – предупредува Gejtston институт за меѓународна политика.

Агитаторите на порадикалната форма на исламот сметаат дека на Косово му е потребно верско будење, имено вахабизмот, деобандизмот како и други екстремни правци на исламот, се наведува на интернет страницата на институтот.

Хуманитарната организација “Rama” (Милост), кој делува во Болтон и Лестер, во Велика Британија, а го следи деобандското радикално толкување на исламот кое е инспирација на талибанците, ги префрли своите фондови на Косово.

ТВ станицата “Mir”, која работи по директива на Индија, Саудиска Арабија и Дубаи, под покровителство на фундаменталистичкиот исламски проповедник Закир Наик, започна со 12 часовна програма во Косово, пренесуваат медиумите во БиХ.

Сè укажува на тоа дека влегувањето во Косово на оваа телевизиска станица, која секојдневно емитува програма на албански јазик од 9,30 до 22 часот, всушност е новата кампања на Јужно Азиските исламисти да создадат база меѓу балканските муслимани.

Пораките од оваа телевизиска станица се радикално вахабистички и со нив на агресивен начин се навредуваат суфистички, шиитски и нерадикални сунитски муслимани, како и Евреи, христијани и Индуси.

Координацијата на ТВ станицата “Mir” во Косово е од страна на локалниот Центар за исламски студии, кој постои само на интернет и на телевизија. Покрај Наиковата пропаганда, телевизијата емитува и академски студии и фатви.

Центарот не ги објави имињата на неговите официјални лица или финансиери, освен името Закир Наик.
Организацијата “Rama” го подржуваше радикалниот свештеник Кастриот Дуку алијас Џемал Дука кој, пред да биде протеран од Косово во Албанија 2010. година, формираше верски комплекс и програма за сирачиња во Косовското село Марина, во близина на Србица.

Умерените муслимани од околината на Србица (Скендерај) собраа 6000 потписи за да го затворат комплексот на Дука, во кој, како што наведуваат, се принудуваат девојчињата да носат зар и хиџаб, како што тоа го прават следбениците на вахабизмот.

Би можело да ве интересира

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Плаќаме 33% поскап дизел, а се уште возимe најевтино на Балканот: Кои се цените на горивата во регионот

Орце Костов

Невреме доаѓа во Македонија – Црвен метео аларм на Балкан, поплави, ризик од торнадо, противградни ракети нема да помогнат

Драматично предупредување на словенечки метеоролог: На Балканот стигнува нова суперклеточна бура

Катерина Ѓуровски