Инциденти во Солун и Атина поради 16-годишниот Ром кој беше застрелан од полицаец

Од:

Инциденти меѓу Роми и полицијата се случија доцна синоќа во делови на Солун и Атина откако припадници на ромската заедница протестираа поради 16-годишниот Ром кој во понеделникот беше застрелан од полицаец и е во критична состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, Ромите палеле канти за отпадоци и ја нападнале полицијата, како во Солун, така и во Атина, а државната новинска агенција АНА-МПА објави дека по инцидентите во Атина, повредени биле десет полицајци, а уапсени седум лица.

Во понеделникот 16-годишниот Ром застанал на бензинска станица во Солун, наполнил бензин, побегнал без да плати и била информирана полицијата, по што полицајци со мотори го бркале возилото управувано од момчето, кое откако не одговорило на барањата да застане, според медиумите, било застрелано во пределот на главата од еден од полицајците и е хоспитализирано во критична состојба.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Андреевски за индицентот во Каламарија: Политиката се обиде да ја победи уметноста

Горан Наумовски

Сомнителен пакет пред рускиот конзулат во Солун, полицијата предизвика контролирана експлозија

Горан Наумовски

Смени во грчката полиција поради скандалот со прислушувањето

А1он

Коверт со прав испратен во грчката опозициска партија СИРИЗА

А1он

Уште една грчка европратеничка „на тапет“ поради сомнежи за измама

А1он

По осум дена битка за живот, почина 16-годишното момче застрелано од полицаец во Солун

А1он