Илјадници луѓе пристигнуваат на протести во Истанбул

Од:

Неколку илјади луѓе пристигнаа денеска на протести во централниот дел на Истанбул поради одбележување на првата годишнина од демонстрациите кои прераснаа во бунт против Владата на премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Властите ангажираа илјадници полицајци со цел да ја спроведат забраната за собири на плоштадот Таксим, кој беше епицентар на минатогодишните протести.

Ердоган вчера ги повика младите Турци да не излегуваат да одбележувањето на годишнината од протестите.

Турските медиуми објавија дека околу 25.000 полицајци и неколку десетици возила ќе бидат денеска ангажирани во Истанбул за да спречат протестите да стигнат до плоштадот Таксим.

Во антивладините протести минатата година загинаа осум луѓе, а неколку илјади беа повредени.

Би можело да ве интересира

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски