Албанскиот претседател Илир Мета денешната интервенција на полицијата во седиштето на партијата Нов демократски дух (ФРД) ја нарече обид за државен удар.
Мета и неговото обезбедување денеска влегоа во физичка пресметка со општинските полицајци од Тирана, кои беа испратени да ги испразнат просториите на ФРД, кои се во општинска сопственост.
Претседателот вели дека писмото испратено од општината за ослободување на канцелариите нема ниту печат, ниту наслов, ниту број на протокол и е направен за да се наруши која било опозициска сила.
Мета ја нарече општината „банда“ и ја повика опозицијата „да се разбуди и да не дозволува никакво кршење на правилата на трката затоа што ќе биде доцна“.
-Сметам дека е обид да се изврши државен удар, затоа што вакво однесување кон опозициска партија веднаш по потпишувањето на изборна коалиција со Демократската и другите опозициски партии, да се донесе такво писмо што нема печат, без број на протокол и потпис, барање направено во брзање само за физичко, но и психолошко кршење на секоја опозициска сила, злоупотребувајќи ја општината-банда, е несомнено крајно иритирачки и претставува предупредување за албанските граѓани за мафијашките напори да стават рака на рамноправен глас, како и врз изборниот процес. Ја повикувам целата опозиција да се разбуди и да не дозволи никакво кршење на правилата на трката затоа што ќе биде доцна за албанскиот народ ако продолжи да го толерира однесувањето на партијата на бандите, изјави Мета.
Тој објасни што се случувало пред судирот со полицијата, предупредувајќи ги вработените во општината и оние на државната полиција дека мораат да ги спроведуваат законите.
-Дојдов по телефонскиот разговор со претседателот на ФРД, Шеху за оваа ситуација. Случајно минував тука и видов како го малтретира полицијата без никакво овластување, дури и во присуство на Претседателот на Републиката. Ги предупредувам уште еднаш сите полицајци, од општинската и државната полиција, да ги спроведуваат законите! Да не завршат како полицајците на Мубарак, под чевлите на албанскиот народ. Тоа е тоа, рече Мета.
Предупредување имаше и за градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, при тоа индиректно порачувајќи му да не ги почитува наредните на премиерот Рама, кого го нарекува луд.
-Му кажувам на градоначалникот на бандата: вие многу добро знаете што сте направиле без потписи и со потписи. Затоа, не почитувајте ги повеќе наредбите на лудиот, затоа што тој ќе ја извади картата на ментално болен на 25 април или можеби дури и порано, рече Мета.