Илир Мета избран за претседател на албабнскиот парламент

Од:

Илир Мета од Социјалиситчкото движење за интеграција беше избран денеска за нов претседател на парламентот на Албанија.

За него гласаа 91 пратеник, 45 беа против и еден беше воздржан.

Албанскиот претседател Бујар Нишани му го додели мандатот за состав на нова влада на Албанија на Еди Рама, лидер на левичарската коалиција која победи на парламентарните избори на 23 јуни.

Рама (49), кој е лидер на Социјалистичката партија и поранешен градоначалник на Тирана, набрзо по јунските избори го соопшти составот на неговиот иден владин кабинет, кој ќе брои 20 члена. Петмина се од помалиот партнер на социјалистите, Социјалистичкото движење за интеграција.

Според најавите, Парламентот за изборот на новата влада најверојатно ќе се изјасни в четврток.

Коалицијата на Рама освои 83 пратенички места во 140-члениот албански Парламент, додека досега владејачката Демократската партија на сегашниот премиер Сали Бериша и другите десно ориентирани партии имаат 57 мандати.

Би можело да ве интересира

Тирана: Девојче на училиште е каснато од змија, итно е пренесено во болница

Нови детали од последните часови на несреќната Алма која со трите деца се удави во реката Бојана

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент