Иконому: Енергетскиот проблем е европски и бара европско решение

Од:

Енергетскиот проблем и драстичното зголемување на цените на енергијата е европски проблем и затоа бара европско решение, нешто што премиерот ќе го покрене вечерва во Брисел. Потребни се европски финансиски инструменти за справување со поскапувањата на енергијата, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на предлозите и идеите на грчкиот премиер на денешниот вонреден Самит на ЕУ, Иконому рече дека веќе е побарано формирање Фонд, „што ќе биде финансиран од идните приходи од Берзата на загадувачи“ и може да има милијарди, десетици милијарди евра, за земјите да го користат за поддршка на потрошувачите.

За евентуалните проблеми во Грција со снабдување со природен гас, објасни дека Владата ја прилагодува нејзината политика и предвидено е дополнително снабдување со LNG (течен природен гас) и природен гас и во оваа насока „ќе се исцрпат сите можности на гасоводот кој доаѓа од Азербејџан“.

Портпаролот на грчката Влада се задржа и на военото зајакнување на Грција истакнувајќи дека „последните случувања во Украина и пошироката нестабилност на меѓународно ниво, ја оправдува политиката на Владата да инвестира во зајакнување на одбраната.“

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески