Новинарката на тиранската телевизија Њуз 2, Аурора Коромани добила закани од групата Исламска држава дека ќе биде убиена, поради нејзините информации емитувани на телевизијата и објавени во весникот „Газета шќиптаре“, јави дописникот на МИА.
Прво Коромани добила закана на нејзиниот профил на Фејсбук, а потоа и преку СМС порака. Многу набрзо по пораката имало и телефонски повици и на редакцискиот телефон, но траеле по девет секунди и воопшто никој не зборувал.
Редакцијата, но и самата Коромани, случајот го пријавиле во полиција, по што е дадена наредба за постојана заштита на новинарката, но и зголемено обезбедување на телевизијата.
Њуз 2, „Газета шќиптаре“, како и агенцијата Балкан веб и припаѓаат на иста медиумска куќа.