И Цеца јаде брза храна

Од:

Српската фолк ѕвезда Светлана Ражнатовиќ била една од гостите на коктелот кој е организиран по повод отварањето на првиот од низата ланци на српско-француски бургер ресторани „Би бургер“.

Честа да ги проба единствените производи пред Цеца ја имал само премиерот на Србија Ивица Дачиќ. Цеца, инаку блиска пријателка на еден од сопствениците на компанијата, дошла на кратко, за да наздрави и им посакала на сопствениците среќа во работата, а нејзиното доаѓање, како и што се очекувало, предизвикало огромен интерес на медиумите.

Меѓу многубројните познати личности кои присуствувале на коктелот се нашле и учесниците на „Преживеан“ Никола Шоќ и Мартина Врбос. Во пријатната атмосфера уживале и поп пејачката Тамара Филиповиќ, Нигор, Дејан Матиќ, но и претставници на француската амбасада.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија