Хрватските радарски системи го следеле беспилотното летало што се урна во Загреб

Од:

Хрватските радарски системи го регистрирале и следеле беспилотното летало што се урна во Загреб, од неговиот влез од Унгарија околу 22 часот и 57 минути се до падот. Тоа се движело со брзина од 700 километри на час и во хрватскиот воздушен простор било седум минути, изјави денеска на вонредна прес-конференција хрватскиот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Прашан зошто немало реакција кога леталото бил забележано на радарите, Баножиќ одговорил со прашање „што реално би можеле да направат за седум минути“.

„Мораме да ги споредиме сигналите на радарските системи, дали требало да се издаде предупредување или се работи за собирање податоци“, изјави Баножиќ.

Началникот на Генералштабот на хрватските вооружени сили, адмирал Роберт Храњ изјави дека авионите МИГ не биле подигнати кога леталото било забележано на радарот.

„Инцидентот е сериозен. Дознавме многу, но во тек е интензивна истрага“, изјави Храњ.

Прашан за шпекулациите дека леталото било вооружено, Храњ рече дека „првите информации не ја поддржуваат таа теза“.

„Интегрираната воздушна и ракетна одбрана на НАТО ја следеше патеката на летот на објектот што на крајот се урна во Загреб“, изајви за „Вечерњи лист“ претставник на Алијансата.

Хрватската контрола на летање, објави дека леталото немало транспондер (уред за комуникација) и затоа не бил детектиран со секундарни радари што се користат за контрола на цивилни летови.

Станува збор за беспилотно летало со тежина од шест тони и опсег од 1.000 километри, кое било користено од вооружените сили на СССР во 70-тите и 80-тите на минатиот век, но истрагата треба да покаже кој го користел.

Советникот на министерот за одбрана на Украина, Маркијан Лубкјивски денеска за загрепски „Јутарњи лист“ изјави дека авионот што паднал во паркот во Загреб не е украински и дека очекува официјално соопштение од украинското Министерство за надворешни работи во соработка со Генералштабот на украинската армија.

Руската амбасада во Хрватска, коментирајќи го падот на леталот за „Индекс“, соопшти дека руските сили немаат такви беспилотни летала во својот арсенал од 1991 година, односно, од распадот на Советскиот Сојуз.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ