Хрватскиот Врховен суд ја укина осудителната пресуда за Санадер за случајот Хипо

Од:

Хрватскиот Врховен суд му ја укина пресудата на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти денеска судот, пренесуваат хрватските медиуми.

Иако во соопштението не се наведува името на осудениот, се наведува дека тој се товари дека како преговарач од хрватската Влада зел провизија од 3,6 милиони куни (околу 475.000 евра) за склучување договор за заем и за влез во странска банка на хрватскиот пазар.

Хрватските медиуми потсетуваат дека станува збор за случајот Хипо.

Откако Врховниот суд ја прифатил жалбата на осудениот и ја укинал пресудата, предметот е вратен пред Жупанискиот суд во Загреб, каде била донесена првостепената пресуда, за повторување на процесот.

Во соопштението на Врховниот суд се потсетува дека осудениот бил обвинет за тоа дека во 1994-1995 година, во својство на заменик министер за надворешни работи и овластен преговарач во име на Владата на Хрватска, ги договарал условите за заем со една странска банка“.

Заемот ѝ бил потребен на хрватската Влада за да купи згради за амбасади ширум светот.

Осудениот се товари дека ја искористил воената состојба за да земе провизија при склучувањето на тој договор.

Врховниот суд утврди дека првостепениот суд не успеал правилно да го утврди начинот на кој дејствијата на обвинетиот имале штетно влијание врз материјалните услови за живот на населението во војната и врз економскиот потенцијал на државата и другите имотни интереси или економскиот потенцијал на државата во војната.

Правилното утврдување на овие факти е пресудно и за да се процени дали значителната материјална добивка е непропорционална, оценува судот.

Во соопштението на судот се наведува и дека во повторената постапка потребно е со поголемо внимание да се процени дали во однесувањето на осудениот се стекнати сите битни карактеристики на кривичното дело злоупотреба на положба и овластување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски