Хрватска загазила во радикална десница

Од:

Хафингтон пост – Вашингтон

По Унгарија и Полска, Хрватска е уште една членка на Европската Унија која загазила во радикалната десница, пишува американскиот Хафингтон пост, со додавка дека малку се зборува за тоа, но дека тоа што се случува во таа држава е вознемирувачко од демократска и европска перспектива.

Новата хрватска влада е блиска на Опус деи, една од највлијателните организации под патронат на Римокатоличката црква, во неа има министри склони на ревизионизам и фундаментализам. По изборите кои донесоа изедначен резултат на левата и десната опција и подолгите постизборни преговори, десницата влезе во коалиција со независниот весник Мост, констатира американскиот весник и додава дека тоа е „згодно име‟, но и дека таа „млада партиска формација‟, се обидела да се претстави како опција блиску до центарот, но блиска е на радикално верското милје.

За новиот министер за култура Златко Хасанбеговиќ многу се зборува. Доаѓа од главната десна партија но совршено ја спојуваа оваа радикална коалиција. Тој е млад историчар склон на ревизионизам. За него историјата од Втората светска војна е хипотеза која ја диктирале победниците. Тој самиот е склон кон поразената страна, наведе Хафингтон пост.

Веќе некое време во медиумите се врти неговата фотографија во усташка униформа. Се работи за пронацистичка партија која водела геноцидна политика вперена против Евреите, Србите и Ромите. Со оглед на своите години, тој во тоа не учествувал но сепак бил член на нео усташката групација.

Неговата фотографија во усташка униформа, која сега е предмет на полемика, излегла во 90-тите години во едно екстремно десно списание. Прво тоа го негирал, а подоцна се изговорил на гревовите од младоста. „Не е убедлив‟ – констатира овој весник.

Како научник многу посветено пишувал за еден аспект од усташкото потекло. Идејата била да се здружат муслиманите и пронацистичките католици против заедничките непријатели. Изјавил и дека тие зборуваат за исламофашизмот до моќното еврејско лоби чија цел е да се наштети на перцепцијата која постои за муслиманите.

„Да прецизираме дека новиот министер е босански муслиман, што не го спречува да има заеднички опсесии со радикалните католици. На пример, противењето на хомосексуалниот брак. Пред три години здружението Во име на семејството, помогнато од црквата, организирало референдум за бракот уставно да се дефинира како исклучиво машко-женска заедница. СДП тогаш возвратил со донесување на Закон за животно партнерство, што е еквивалент на ПаЦС. Тој закон денес недвојбено е загрозен поради новата влада која исто така можеше да го доведе во прашање правото на абортус и да интервенира во слободата на медиумите. Новиот премиер го поддржува својот министер за култура. Неговиот советник за меѓународни односи исто така член на Опус деи исто како и министерот за култура, ја водел кампањата против хомосексуалниот брак‟.

Најлудата работа во целата приказна, пишува Хафингтон пост, е патот на самиот премиерт Тихомир Орешковиќ, кој како што се наведува се појавил од никаде. Официјално не припаѓа ни на една партија, не бил на изборите. Едвај зборува хрватски, со силен канадски акцент. Доаѓа од канадската дијаспора, претходно бил поврзан со фармацевстката индустрија. Целосно неочекувано тој привидно неутрален човек, католички ориентиран, стана премиер. „Макар на хартија‟ – констатира весникот.

„Вистинскиот шеф на таа чудна коалиција всушност е Томислав Карамарко. Непопуларен и радикален, го поддржува министерот за култура, својот штитеник. Слави што владата конечно е составена од тие кои знаат да се прекрстат‟. Тоа е терминологија која во времето на усташтвото се користела за стигматизирање на конвертитите (православните и Евреите) кои емигрирале за да избегнат лоша судбина. Иако граѓаните не гласаа за ваква опција, оваа членка на ЕУ може да зачекори наназад, наведува Хафингтон пост, а пренесе Index.hr. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски