Хрватска со највисоко ниво на корупција меѓу членките на ЕУ

Од:

Хрватска е членка на Европската унија со највисоко ниво на корупција во јавните набавки и зедно со Романија и Бугарија спаѓа меѓу најкорумпираните држави во ЕУ, покажа истражувањето нарачано од Европскиот Парламент, а спроведено од институтот РАНД Европа, јавија хрватските медиуми.

Хрватска, Романија и Бугарија ја предводат групата од четиринаест земји на ЕУ кои имаат надпросечно ниво на корупција, се наведува во истражувањето, а по индексот на ризик од корупција во јавните набавки Хрватска е на самиот врв, пред Кипар, Литванија и Романија.

Хрватска, Бугарија, Романија и Литванија заради корупцијата годишно губат околу 15 отсто од својот БДП.

Анализата на непрофитниот институт РАНД Европа, што се темели на три сценарија и неколку методолошки пристапи, покажа дека корупцијата годишно ја чини Европската унија меѓу 179 и 990 милијарди евра.

Корупцијата има значајно општствено и политичко влијание бидејќи ги поттикнува нееднаквоста, организираниот криминал, послабото владеење на правото, полошата излезност на изборите и недовербата кон европските институции, се наведува во истражувањето.

Од овие причини РАНД Европа предлага законски и регулаторни мерки на државно ниво, а една од нив  е проширување на Заштитниот механизам за соработка и проверки (ЦВМ) на поголем број  членки на ЕУ.

ЦВМ механизмот е мерка која ја воведе Европската комисија во пресрет на влезот на Романија и Бугарија во ЕУ како помош за нивните правосудни реформи, односно  борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Воведувањето на овој механима во Хрватска, според едно од сценаријата, годишно на земјата може потенцијално да и заштеди околу 2,2 милијарди евра, а на Европската унија околу 70 милијарди евра, се оценува во истражувањето, пренесе Хина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски