Хрватска нема да ја користи руската вакцина без дозвола од ЕУ

Од:

Хрватскиот премиер разјасни дека неговата земја нема да ја користи руската вакцина Спутник В сè додека нема зелено светло од европската агенција за лекови, ЕМА.

Андреј Пленковиќ ова го изјави во интервју за француската телевизија, Франс 24, за време на неговата посета на Брисел.

-Рековме дека ќе ги започнеме разговорите со руската страна, но би ја користеле само откако биде одобрена од страна на ЕМА, рече Пленковиќ.

Запрашан што мисли за фактот дека Србија побрзо го вакцинира своето население од Хрватска, Пленковиќ рече дека Белград нема исти законски обврски бидејќи не е членка на ЕУ.

-Напредуваме но чекаме ветените дози да пристигнат во Хрватска за да можеме да ја обезбедиме туристичката сезона, секако дека следиме сè што се случува во соседството, и во Унгарија, во Босна и Херцеговина исто така, Србија нема никаква обврска да следи што се случува во ЕУ, тие одлучија да веруваат во Кина и Русија за вакцините, но тие имаат различен правен режим и различна одговорност, нашиот пристап е внимателност, но сакаме да го забрзаме процесот, изјави хрватскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

Референдум во Молдавија: Над 50 отсто од граѓаните рекле не за влез во ЕУ

А1он

Мицкоски е оптимист за македонската евроинтеграција по самитот на Берлинскиот процес

Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но Скопје мора да ги почитува компромисите

Горан Наумовски

Неуспешни преговори за електричните кинески автомобили

Предраг Петровиќ

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација