Хрватска: Колинда Грабар Китаровиќ претседател со најмалку гласови

Од:

Колинда Грабар Китаровиќ е нов претседател на Хрватска со најмалку освоени гласови, во споредба со победниците на сите претходни претседателски избори во земјата.

Кандидатката на опозициската Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 1,1 милион гласови, додека нејзиниот противник Иво Јосиповиќ 1.082 милиони, што е само 32.500 гласови помалку, пренесува Танјуг.

Тоа е најмала разлика меѓу два претседателски кандидати, бидејќи на сите досегашни избори разликата се мерела во стотина илјади гласови.

Со милион и пол гласови освоени на првите директни претседателски избори во 1992 година, првиот хрватски претседател Фрањо Туѓман е на прво место. Туѓман во 1992 година доби околу 930.000 гласови повеќе од Дражен Будиша.

На второ место е Стјепан Месиќ, кој на изборите во 2005 година освои 1.454.451 глас, што е околу 65.000 гласови помалку од Туѓман.

Иво Јосиповиќ на претходните избори го победи Милан Бандиќ со 400.000 гласови разлика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски