Хрватска има повеќе старци од деца

Од:

Хрватска е една од земјите со најхомоген национален состав во светот, каде Хрвати се над 90 проценти од населението, но и држава со население што старее, покажуваат вчера објавените резултати од пописот на населението во 2011 година, пишува загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Вкупниот број на населението во Хрватска изнесува 4.284.889 лица.

Србите се единственото малцинство во Хрватска што надминува над 1 процент во населението, со 4,36 отсто. На последниот попис во 1991 година во Хрватска се преброени 581.663 Срби, а денеска нивниот број изнесува 186.663. Тоа значи дека од распадот на Југославија досега бројот на Срби во Хрватска е намален за 67,91 процент, истакнува весникот „Јутарњи лист“.

Според резултатите од пописот бројот на католици во Хрватска е намалан за 206.000 лица во изминатите 10 години, но тие остануваат најмногубројните во земјата со 86,28 отсто. Намален е и бројот на православните, додека бројот на атеистите и муслиманите е зголемен.

Хрватското население во целина прогресивно старее. Средната возраст на Хрватите е 41,7 години, што е за 2,4 години повеќе во споредба со пописот пред 10 години.

Околу 67 проценти од Хрватите спаѓаат во старосна група од 15 до 64 години. Ако овие податоци се претворат во апсолутни бројки, тогаш Хрватска за 10 години изгубила 100 илјади работоспособно население. На секои пет работоспособни во Хрватска има четворица пензионери. Според податоците на Евростат во Хрватска работи секој втор работоспособен жител, а економската криза само го продлабочува проблемот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски