Хрватска и 12 членки на ЕУ се договорија за туристички „ковид-пасош“

Од:

Хрватска и дванаесет членки на Европската унија постигнаа договор за критериумите за издавање т.н. „ковид-пасош“, кој ќе се вика „зелен пасош“ што ќе го олесни протокот на туристи во време на пандемија, соопштено е денеска во Виена.

– Нашата цел е да го примениме „зелениот пасош“ брзо и по можност во униформиран облик на ниво на ЕУ, изјави за агенцијата АПА австриската министерка за туризам Елизабет Костингер од Австриската народна партија.

Таа рече дека тоа е „прашање за опстанок за европскиот туризам“.

Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија уште на крајот од март се договорија за седум критериуми за издавање на „зелен пасош“, кои треба да се спроведат најдоцна до почетокот на јуни.

– „Зелениот пасош“ преку QR-код веднаш обезбедува информации за тоа дали лицето е вакцинирано, тестирано или прележал коронавирус. Ова овозможува едноставна и практична примена во ЕУ: од чекинг на аеродромите до посета на селска гостилница, изјави австриската министерка за туризам.

Таа истакна дека во секој случај, се сака да се избегне овој вид документ да се третира како присила за вакцинирање.

Чувствителните здравствени податоци на носителите на „зелениот пасош“ исто така ќе останат во земјата на потекло и нема да се чуваат централно на ниво на ЕУ.

Понатамошна цел е усогласување на примената на „зелениот пасош“ со трети земји.

Списокот критериуми, како што беше речено, е доставен на контрола до Европската комисија, која наредните денови треба да донесе одлука за примена.

Би можело да ве интересира

Цвијановиќ ги повика Хрватска и Србија да одржат нови преговори за Дејтон

ВИДЕО: Акцијата за спасување на Костелиќ во Црна Гора траела пет часа, објавени снимки

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

Трагедија во Хрватска: Три деца загинаа во пожар

Со церемонија пред Собранието Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор

Фрлена бомба во куќата на познат хрватски фудбалски менаџер