Хрватите викендов ќе прават „свадба без невеста“ за да откријат колку вирусот се шири на прослави со многу луѓе

Од:

Потпретседателот на хрватската Влада и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ денеска најави можно олеснување на епидемиолошките мерки од 1 јуни.

Тој рече дека вечерва и во недела се одржуваат два експериментални настани – работна вечера, односно свадба со најмногу 150 гости, за да се оцени колкава е опасноста од пренесување на вирусот на вакви настани, одржани без физичка дистанца. Доколку се утврди дека нема ширење на инфекцијата, ќе се размисли за олеснување на мерките за вакви настани, вели Божиновиќ.

Пријавените посетители на пробната свадба треба да бидат или вакцинирани или да ја имаат прележано болеста или да имаат негативен ПЦР-тест.

Властите соопштија дека „свадбата“ ќе трае од 20 часот вечерта до раните утрински часови следниот ден, а „сватовите“ ќе имаат на располагање неограничени количества храна и пијалаци.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Хрстиќ: Подготвени сме да примиме на лекување уште повредени од пожарот во Македонија

Двајца повредени од пожарот во Кочани пристигнаа на лекување во Загреб