ХРВ: Светските лидери да извршат притисок врз Турција да ја отвори границата за Сиријците

Од:

Организацијата за заштита на човековите права Хјуманс рајтс воч инсистира учесниците на Самитот за хуманитарни прашања да извршат притисок врз Турција да ги отвори повторно границите за сириските граѓани, кои бараат азил.

Самитот почнува во Истанбул в понеделник и на него ќе се дискутира за иднината на хуманитарната помош.

Претставникот на ХРВ, Гари Симпсон прецизира денеска дека поминала една година, откако Турција ја затвори границата за граѓаните на Сирија.

Турција до моментов прифати 2,7 милиони сириски бегалци. Минатата недела земјата ја зајакна контролата на сириската граница и на нејзина територија прима само ранети бегалци.

Според извештај на ХРВ, турските погранични полицајци отворале оган кон сириски граѓани, кои се обидувале да влезат во Турција изминатите месеци. Анкара го демантира ова.

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица