Христофиас: Нема да прифатам приватизација во рамките на договорот за помош на земјата

Од:

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас изјави дека ќе го отфрли секое барање од меѓународните кредитори за продажба на државни компании како дел од договорот за доделување кредитна помош на земјата.

Планот за постигнување спасувачки договор со Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд предвидува Кипар сериозно да размисли за приватизација доколку долгот на земјата се покаже како неодржлив.

Христофиас сепак денеска изјави дека нема намера да се согласи на приватизација, бидејќи е „верен“ на својата партија АКЕЛ, која има комунистички корени.

Кипарскиот претседател нагласи дека доколку кредиторите настојуваат за вклучување на приватизацијата во договорот, тогаш ќе треба да почекаат до следната Влада. Кипар ќе спроведе претседателски избори на 17 февруари и Христофиас нема да се кандидира за нов мандат.

Земјите членки од еврозоната ќе треба да донесат одлука за доделување спасувачки заем на Кипар на 21 јануари.

Економијата на Кипар, која е трета најмала во еврозоната се очекува годинава да се намали за 3,5 проценти, а нивото на невработеност да достигне 13,7 отсто.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар