Христофиас: Кипар е под притисок

Од:

Кипарскиот претседател Димитрис Христофиас за време на посетата на Атина изјави дека се повлекува од функцијата огорчен и оти неговата земја е под притисок.

Тој изрази огорченост поради начинот на кој се однесуваат кон Кипар откако земјата побара финансиска помош. Христофиас упати критика кон Европската унија поради нејзиното барање Кипар да имплементира закони против перење на пари, што е еден од условите за потпишување на договорот со меѓународните кредитори.

Христофиас е во последната посета на Атина во својство на претседател, бидејќи на 17 февруари во Кипар ќе се одржат претседателски избори.

Тој се сретна со грчкиот претседател Каролос Папуљас и со премиерот Андонис Самарас.

Би можело да ве интересира

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

Туристка била силувана од пет мажи во хотел во Кипар

Обезбедување на ноќен клуб уби турист од Велика Британија

Украинка била силувана и брутално убиена на Кипар

Поранешниот шеф на дипломатијата Христодулидис е новиот претседател на Кипар