Хоџај: Односот на ЕУ кон регионот ќе се види кога ќе треба да ги започне преговорите со Скопје и Тирана

Од:

Косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај вели дека на самитот на лидерите од Западен Балкан во Берлин, што ќе се одржи на крајот на месецов во организација на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, не може да се очекува предлог за конечен договор меѓу Косово и Србија.

Хоџај денеска на прес-конференција изјави дека дури по овој самит, односно во текот на ова лето, „ќе се види како Европската унија ќе го третира регионот, со отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија и со визната либерализација за Косово“.

Од средбата на 29 април во Берлин, каде што во фокусот ќе бидат односите Косово – Србија, според Хоџај, „може да се очекуваат пораки, временски рокови или предлози за продолжување на дијалогот, но не и договор“.

–Ова е мултилатерална средба која ја организираат Германците и Французите и на која ќе учествуваат лидерите на државите од Западен Балкан. А, на вакви мултилатерални средби не можете да очекувате некаков договор. Таков е форматот на средбата, изјави поранешниот шеф на косовската дипломатија и актуелен потпретседател на Владата во Приштина.

Според Хоџај, главната цел на средбата во Берлин е дијалогот Приштина – Белград, „но не и постигнувањето договор или дискутирањето за неговите модалитети“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа