Харадинај убеден дека ЕУ ќе ги укине визите за Косово пред Нова година

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска повтори дека е сигурен дека во Европската унија нема земји кои се против укинувањето на визниот режим за косовските граѓани и дека добрата вест од Брисел ќе стаса пред Нова година.

По денешната средба со градоначалникот на Приштина и лидер на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Шпенд Ахмети, косовскиот премиер рече дека знае оти некои земји имаат резерви околу укинувањето на визите за Косов, но исто така е убеден дека позитивната одлука за Косово ќе биде донесена до крајот на годинава.

– Мило ми е што многу луѓе се заинтересирани за укинувањето на визите. Ги молам сите партии, опозицијата, да не даваат песимистички пораки. Не е во ред да се кажува „едвај чекаме да се укинат визите и да дојдеме кај вас“. Пред Нова година ќе примиме добра вест за визите. Нема земји кои блокираат, има земји кои се двоумат, и тоа од политички причини, изјави Харадинај.

Градоначалникот Ахмети информира дека неговата партија упатила писмо до европските социјалдемократски партии со барање за поддршка за укинувањето на визите за Косово.

Приштинскиот весник „Зери“, од друга страна, повикувајќи се на извори во Брисел, денеска објави дека 12 или 13 земји од ЕУ се уште се двоумат околу либерализацијата за Косово.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски