Харадинај: Официјална Тирана да го почитува ставот за Косово од 17 февруари 2008

Од:

Косовскиот премиер, Рамуш Харадинај, гостувајќи во емисијата „Темпора“ на тиранската телевизија „Ора њуз“, побара од официјална Тирана да го задржи својот ставот за Косово како на 17 февруари 2008 година, кога беше прогласена косовската независност.

„Официјалната Тирана, министрите и Парламентот, сите треба да го задржат ставот за Косово од 17 февруари 2008. Кој било од избраните функционери во Албанија кој мисли поинаку, го предал Косово. Тоа е како јас да зборувам за Албанија и да кажам југот дајте и го на Грција или дајте и го Скадар на Црна Гора“, изјави Харадинај.

Тој додава дека „Амерканците во секоја нивна официјална изјава не ја фаворизираат оваа опција, туку ги слушаат страните“.

„Америка никогаш не го довела во прашање независно и суверено Косово. Единствени кои тоа го прават се оние кои се обидуваат да ја убедат Америка дека корекцијата на границите е вистинската формула,“ рече тој.

Харадинај обвини дека се лобира од Косово, од Србија и од официјална Тирана за да се убедат САД дека корекцијата на границите е вистинската формула.

„Тие прават голема грешка“, изјави Харадинај, додавајќи дека и медиумите „паднале во нивната стапица“.

Харадинај нагласи дека зад овие лобирања стои Русија, додавајќи оти ово „не е проект на една личност, туку една многу поголема агенда“.

Според него, мнгу медуми, аналитичари и функционери „паднале во стапицата на Москва, за што добле големи финансиски средства“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија