Харадинај до Столтенберг: Војската на Косово ќе се формира

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај соопшти дека денеска во телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, му порачал дека без оглед на дилемите кои постојат во Алијансата околу трансформацијата на Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово, законите кои ќе го овозможат тоа идната недела ќе се најдат на дневен ред на косовското Собрание.

Харадинај во неговата објава на Фејсбук, без да пренесе што му било порачано од другата страна, тврди дека на Столтенберг му рекол оти „одлуката на Косово е суверена и во рамките на Уставот“ и за истата ќе се гласа на 14 декември.

– Изразувајќи разбирање за неговите ставови од мултилатерална перспектива за процесот на транзицијата, го информирав генералниот секретар Столтенберг дека Косово е посветено на процесот на транзиција на ФСК, што ќе обезбеди создавање на една професионална, мултиетничка и кредибилна војска во служба на сите граѓани на Косово, напиша косовскиот премиер.

Според Харадинај, идната војска на Косово „ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот и пошироко“.

Столтенберг денеска, по повод започнатиот процес за формирање војска на Косово, им телефонираше на Харадинај и на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Според објавата на официјалната страница на НАТО, Столтенберг на Харадинај му го повторил ставот дека „намерата на Косово да ги трансформира своите безбедносни сили во војска доаѓа во погрешно време и е против препораките на голем број членки на НАТО“, како и дека „тоа може да има сериозни последици по евроатлантските интеграции на Приштина“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

НАТО сака Украина да биде напредна суверена држава откако ќе се постигне мир

Мицкоски: Значително ја подобривме интероперабилноста на нашите вооружени сили со оние на другите сојузници

Министерот Муцунски на министерски состанок на НАТО во Брисел

А1он

Муцунски од Брисел: Мора повеќе да инвестираме во безбедноста